Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џенова успеа да слави против Бреша со 3-1, а стрелец на еден од погодоците беше македонскиот капитен Горан Пандев, кој со мајсторски удар го совлада противничкиот голман и стави точка на триумфот на неговиот тим.
Новиот тренер на Џенова, Тиаго Мота, кој му беше и соиграч на Пандев во Интер, одлично ја почна својата авантура на кормилото на новиот клуб.
„Успеавме конечно да победиме. Долго време чекавме победа и сега сме среќни. Во првото полувреме се исплашивме, но потоа целиот квалитет излезе на виделина. Среќен сум за Мота, тој е голем пријател и човек, па му посакувам успех во кариерата“, вели Пандев.