Пандев: Нема да бидам во Рим и нема да давам прогноза за мечот Италија – Македонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот македонски фудбалер Горан Пандев даде изјава за „Кориере дело Спорт“ пред мечот меѓу Италија и Македонија во Рим.

Пандев кажа дека нема да оди во Рим, туку натпреварот ќе го гледа на телевизија.

„Нема да бидам во Рим, туку мечот ќе го гледам на телевизија. Ова е посебен натпревар за мене, нема да давам прогноза“, кажа Пандев.

Македонија в петок гостува кај Италија, а три дена подоцна ја пречекува Англија во Скопје.