Пандев: Ни се допаѓа улогата на аутсајдер, така го покажавме вистинскиот фудбал и со Германија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација летово ќе настапи на Европското првенство (ЕП), а пред турнирот за австриските медиуми интервју имаше капитенот Горан Пандев.

Пандев во интервјуто со „Кронен Цајтунг“ зборуваше за настапот на ЕП, како и за нашиот прв противник, а тоа е селекцијата на Австрија.

„Живееме за Македонија и сега имаме шанса да ја претставуваме. Ќе дадеме максимум за да го одбраниме нашето знаме. Против Германија бевме атусајдер, но тогаш покажуваме како изгледа нашиот вистински фудбал. Ни се допаѓаа таа улога“, вели Пандев.

Пандев вели дека имаат лоши спомени од натпреварите со Австрија, но смета дека ќе ги поправат грешките од минатото.

„Ќе одиграме подобро на ЕП. Австрија ќе мора да се потруди за да победи против нас“, кажа капитенот на Македонија.