Пандев: Никогаш не сум бил посреќен, иако сум играл многу големи натпревари!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Македонија избори пласман на Европското првенство, со голот на Горан Пандев во 56. минута од натпреварот (1-0).

Пандев си го оствари неговиот сон и сон на многу навивачи во Македонија и ја однесе селекцијата на големото натпреварување благодарение на помошта од неговите соиграчи, стручниот штаб и селекторот Игор Ангеловски.

„Сум играл многу големи натпревари, ама никогаш не сум бил среќен како сега. Моето искуство помогна да ја оствариме целта и да се пласираме на Европското првенство“, кажа Пандев.