Пандев откри кои се неговите желби: Сакам да се пласирам на ЕП со Македонија

Македонскиот капитен Горан Пандев во интервју за италијанските медиуми откри што сака да направи пред да ја заврши кариерата.

Пандев кажа дека една од неговите желби е пласман на Европското првенство (ЕП) со Македонија, како и опстанок во Серија А со екипата на Џенова.

„Играв за многу клубови во Италија, но луѓето во Џенова секогаш даваат дополнителен мотив за да ги направите среќни. Кариерата сакам да ја завршам тука, а моја желба е да играме и на ЕП со Македонија. Сепак, во моментов посветен сум на Џенова, а навивачите заслужуваат опстанок во Серија А“, порача Пандев.