Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот македонски фудбалер Горан Пандев кажа дека Македонија има тешка задача против Италија во квалификациите за Европското првенство (ЕП).
Пандев даде изјава за „Газета дело Спорт“ и кажа дека се надева на изненадување против „аѕурите“.
„Секогаш ќе навивам за Македонија. Сакам уште еднаш да ја изненадиме Италија. Веќе покажавме дека можеме, па не гледам причина зошто и сега не би ја изненадиле. Не знам дали е возможно да се повтори тоа од Палермо, но ќе навивам од срце за такво нешто. Поминуваме низ тежок период, но не се откажуваме“, кажа Пандев.