Пандев: Парма е голем клуб со богата историја, многу шампиони играа тука!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот репрезентативец и капитен на Македонија, Горан Пандев на крајот на јануари си замина од Џенова и се пресели во Серија Б, каде што му стана соиграч на Џанлуиџи Буфон во Парма.

Пандев ќе игра во Серија Б, но тоа за него не е никаков проблем затоа што вели дека од секогаш сакал да игра за Парма, каде што настапуваа многу шампиони во минатото.

„Парма има голема историја и тоа е важен тим во италијанскиот фудбал. Многу шампиони играа во Парма, а на мене од секогаш ми се допаѓаше екипата. Моите соиграчи се неверојатни и атмосферата е прекрасна. Ова се причините поради кои решив да потпишам за Парма“, вели Пандев во интервју за сајтот на клубот.

Македонскиот фудбалер има договор до крајот на сезоната, а засега не е познато дали ќе ја продолжи кариерата и следната сезона или ќе замине во пензија.