Пандев: Планирав да се пензионирам по ЕП, ама…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот капитен Горан Пандев постигна два гола против Наполи во триумфот на Џенова од 2-1, па сега е во центар на внимание на италијанската јавност.

Пандев стана најдобриот стрелец во Серија А кој доаѓа од просторите на поранешна Југославија и на свои 37 години уште еднаш докажа дека уште може да игра на врвно ниво.

Македонскиот фудбалер по мечот доби прашање дали планира да се пензионира на крајот на сезоната, а тој не сакаше да даде јасен одговор дали настапот на Европското првенство (ЕП) со Македонија ќе му биде последен во кариерата.

„Се мачев од последната повреда, но сега уживам во фудбалот и се чувствувам добро. Не се знае што ќе се случи. Планирав да се пензионирам по ЕП, ама уште не е сигурно…“, вели Пандев.