Пандев: Размислувам за крај на кариерата по завршување на сезоната во Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Горан Пандев кажа дека размислува на пензија по завршување на сезоната во италијанската Серија А.

Неговата главна задача е да обезбеди опстанок во Серија А со Џенова. Пандев игра речиси две децении во Италија и засега не е јасно дали македонскиот фудбалер нема намера да заигра на Европското првенство.

Мечот против Косово е одложен за неколку месеци, па доколку Македонија успее да ги мине сите пречки, таа треба да настапи на големото натпреварување следното лето.

„Во моментов размислувам да ја завршам кариерата по крајот на сезоната. Сакам да се збогувам со Џенова пред полн стадион и така да им се заблагодарам за овие години кои ги минав во овој дрес“, кажа Пандев.