Пандев: Резултатите ме разочараа, но сѐ уште имаме шанси!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Горан Пандев зборуваше пред двата октомвриски квалификациски натпревари за Светското првенство (СП), кои се играат против Лихтенштајн и Германија.

Пандев смета дека не се загубени шансите за пласман на СП, но според него Македонија морала да освои повеќе бодови на претходните три натпревари.

Македонија на претходните три меча против Ерменија, Романија и Исланд одигра три ремија, а една од причините според него за тие резултати е неискуствоот на селекторот Благоја Милевски.

„Може да се бориме за второ место во групата. Последните резултати беа разочарувачки и шансите ни се намалија, но веројатно неискуството на селекторот си го направи своето. Требаше да освоиме повеќе бодови, но сметам дека може да се поправиме. Очекувам победа против Лихтенштајн и добар резултат со Германија“, вели Пандев.