Пандев сака да ја заврши кариерата со Германија пред полн стадион во Скопје!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Светското првенство (СП) 2022 кое ќе се игра во Катар.

Групата воопшто не е лесна, зашто во неа се Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн, но дефинитивно може да се надигруваме со останатите селекции за втората позиција.

Германците за првпат ќе играат против Македонија во историјата, а македонскиот капитен Горан Пандев кажа дека сака да се пензионира пред полн стадион во Скопје со оваа селекција.

„Би сакал да играм со Германија во Скопје пред полни трибини. Оваа генерација ја чека настап на Европското првенство и шанса за добри квалификации и напад на второто место во групата“, изјави Пандев.

Од групата само првопласираната екипа оди директно на Мундијалот, додека вторите места играат бараж.