Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев во последните неколку кола во Серија А, заедно со Џенова, ќе се бори за опстанок во елитното друштво, а притоа кажа какви му се желбите до крајот на сезоната.
Пандев во интервју за италијанските медиуми зборуваше за актуелната ситуација во Серија А и кажа дека би сакал да постигне 10 голови.
„Има уште многу да се игра до крајот и не смееме да се опуштиме. Сакам да постигнам дсет гола сезонава и да изборам опстанок со Џенова, тоа ќе биде идеално сценарио“, кажа Пандев.
Џенова вечерва го игра градското дерби против Сампдорија, која е многу подобро пласирана на табелата, па Пандев се надева дека ќе го изненадат ривалот.