Пандев се јави на интернет по победата против Естонија ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот капитен Горан Пандев го пропушти денешниот меч на репрезентацијата против Естонија (2-1), откако доби одмор од селекторот Игор Ангеловски.

Сепак, Пандев го следеше натпреварот на македонската репрезентација и по триумфот се јави на интернет со порака до останатите соиграчи, со кои пред неколку дена испиша историја и се пласираше на Европското првенство.

Пандев се јави на Инстаграм, каде што објави фотографија од нашата репрезентација и напиша „Браво дечки, секоја чест“.