Пандев се сели во Парма и ќе соработува со легендарниот Буфон!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зимскиот преоден рок е пред самиот крај, па тимовите се обидуваат да договорат трансфери во последен момент, а еден од нив би можел да направи македонскиот фудбалер Горан Пандев.

Пандев ќе ја продолжи кариерата во Парма, која настапува во Серија А, па таму ќе ја дели соблекувалната со легендарниот Џанлуиџи Буфон.

Во тек е размената на документите меѓу Џенова и Парма, па така до крајот на преодниот рок Пандев треба да биде регистриран во италијанскиот второлигаш.

Легендарниот репрезентативец на Македонија играше за Интер, Лацио, Наполи, додека во Џенова е од 2015 година.

Пандев во Серија А одигра речиси 500 натпревари и постигна повеќе од 100 голови, а беше член и на познатата генерација на Интер од 2010 година, кога ја освои тројната круна.