Пандев се врати на тренинг и ќе може да заигра против Беневенто


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Македонскиот капитен Горан Пандев успешно се рехабилитираше од повредата и се врати на тренингот на Џенова.

Искусниот напаѓач мораше да паузира во мечот против Милан поради болки во грбот, но денеска го одработи целиот тренинг за Џенова и ќе може да игра против Беневенто.

Пандев сезонава одигра десет натпревари во Серија А и постигна само еден гол, а шанса за нов погодок најверојатно ќе добие во мечот против Беневенто, кој е закажан за недела од 15 часот.