Пандев: Среќен сум со стотката, не мислев никогаш дека ќе стигнам до таа бројка


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Горан Пандев вчера стигна до 100 голови во италијанската Серија А и така стана првиот Македонец кој постигнал толку погодоци во топ-5 лигите во Европа.

Пандев кажа дека е пресреќен поради неговиот успех, иако никогаш не мислел дека ќе стигне до таа бројка.

„Среќен сум со стотката. Не очекував дека ќе дадам толку голови затоа што не сум прв напаѓач, но ете среќен сум што до рекордот стигнав во најстариот клуб од Италија“, вели Пандев.

Македонскиот напаѓач смета дека требало да победат, но Беневенто играл одлично во одбраната. „Треба да победуваме, уште не ни е безбеден опстанокот во Серија А. Треба да се подготвиме за следниот меч во сабота“, вели македонскиот капитен.