Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев е оптимист пред утрешниот натпревар против Грузија во Тбилиси, кој е закажан со почеток од 18 часот.
Пандев пред натпреварот зборуваше за Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и во интервју откри дека ваква атмосфера во екипата немало 20 години.
„Кога почнав да играм првата желба ми беше да настапам во овој свет дрес, во дресот на македонската репрезентација. Играме долго време, скоро 20 години сум тука и дојдовме на само еден натпревар од сонот на сите. Безброј натпревари и финалиња, но настапот за репрезентативниот дрес е нешто посебно. Трема сигурно дека постои, знаеме за што играме, доволно сме искусни и знаеме за што играме. Фудбал е, можат да се случат многу работи, но се надевам дека на крајот ќе се радуваме. Верувам дека ќе успееме да се пласираме на едно Европско првенство и ќе докажеме дека ќе и во Македонија квалитетни фудбалери“, вели Пандев.
Капитенот е свесен за шансата на Македонија и сака да ја искористат во Грузија.
„Се направи една репрезентација од младост и искуство. 20 години сум тука, ваква хемија немало никогаш, сите сме како една фамилија, жално ќе биде да не ја искористиме оваа шанса“, изјави Пандев.