Пандев: Во Парма најдов семејство и среќен сум, сите веруваме дека ќе играме во плејофот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Горан Пандев во моментов е повреден и не може да им помогне на колегите од Парма, па времето го искористи за да направи интервју со „Спорт Италија“.

Пандев неочекувано замина од Џенова и потпиша за Парма минатата зима, па кажа дека е среќен што игра во новиот клуб.

„Фокусиран сум на Парма. Работам напорно за да се вратам на терен. Во Парма пронајдов семејство и среќен сум поради тоа. Сакам да го покажам мојот квалитет на терен и да постигнувам голови. Верувам дека може да стигнеме до плејофот, иако во моментов сме зад противниците“, вели Пандев.

Пандев не чекаше долго и за неговиот прв гол во дресот на Парма, а сите се надеваат дека нема да биде последен.