Пандев во топ-100 фудбалери во изборот на британски „Гол“: Соиграчите не му беа родени кога дебитираше!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Горан Пандев ќе ја предвои македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство (ЕП).

Капитенот на Македонија е подготвен заедно со неговите соиграчи во репрезентацијата да испишат уште подобар резултат на Евро 2021.

„На речиси 38 години, Горан Пандев е ѕвезда на Македонија и еден од највозрасните играчи на турнирот. Тој дебитираше во Беласица, кога неговите соиграчи не беа родени. Неговата класа ја докажува во дресот на Македонија, а со голот против Грузија ја однесе репрезентацијата на првото ЕП во нивната историја“, пишува британски „Гол“.

„Гол“ го смести Пандев на 97. место на ранг-листата од најдобрите 100 играчи во нивниот избор, додека зад него се Пуки од Финска, Бонучи од Италија и Коман од Франција.