Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го откажа последниот тренинг пред почетокот на Австралијан опен поради претпазливост, откако пред неколку дена се пожали на повреда.
Ѓоковиќ има проблеми со задната ложа и затоа не се појави на тренингот, откако и во петокот кажа дека е претпазлив и не тренира со полн инензитет.
„Малку се мачам со задната ложа, но се надевам дека ќе биде подобро. Засега сум внимателен, не тренирам со полн интензитет и штедам енергија за следната недела. Се надевам дека тогаш нема да имам проблеми“, кажа Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ минатата сезона не настапи во Мелбурн бидејќи беше депортиран, но сега ќе се обиде да освои нова титула.