Паника меѓу навивачите на Реал Мадрид по мечот во Брага


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид во третото коло од групната фаза на Лигата на шампиони (ЛШ) славеше со 2-1 против Брага, а повторно на теренот доминираше Џуд Белингам кој постигна гол.

Белингам, сепак, се пожали на еден незгоден удар и беше заменет во 89. минута, а навивачите веднаш се загрижија затоа што ги очекува „Ел Класико“ овој викенд.

„Јас мислам дека настапот на Ел Класико не е загрозен. Белингам има полесна повреда, но ќе биде подготвен“, кажа Анчелоти.

Англичанецот утре ќе оди на детални прегледи, по кои ќе биде јасно дали е подготвен за настап против Барселона.