Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Две лица од странство кои се присутни на Олимписките игри (ОИ) во Токио во моментов се во болница поради ковид-19.
Организаторите објавија дека ниту еден случај не е сериозен, а третото лице кое било хоспитализирано веќе е пуштено од болница.
Организаторите одбија да даваат дополнителни детали за случаите, па се повикаа на приватност на трите лица, а денеска беа потврдени уште 24 нови лица со вирусот, меѓу кои и тројца спортисти.
Токио во моментов се наоѓа во вонредна состојба со рекордно висок број на заразени со ковид-19, а во средата беа потврдени нови 3.117 нови случаи на вирусот.