Папаниколау плачаше пред новинарите по елиминацијата на Грција (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Грција загубија со 67-92 од Литванија, иако имаа водство во првото полувреме, по што Костас Папаниколау се расплака пред новинарите.

Капитенот беше без поени на паркетот, иако одигра 25 минути, а по натпреварот беше разочаран поради елиминацијата на Грција.

„Ме боли тоа што не му помогнав на тимот. Имам чувство дека не му дадов доволно на овој тим. Тоа е нешто што ме боли. Таков е животот, мора да продолжиме понатаму, сè ќе биде добро“, вели Папаниколау.