Паредес откри од што зависи можната преселба на Меси во ПСЖ


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


ПСЖ тргна по потписот на Лионел Меси, кој има договор со Барселона до крајот на сезоната, па сигурно размислува за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.

Меси и минатото лето беше на праг да замине од Барселона, но мораше да остане, па сега веќе нема што да го задржи во Каталонија и негова ќе биде одлуката за иднината.

Леандро Паредес во интервју за италијанските медиуми кажа дека ПСЖ сака да го ангажира Меси, но дека тоа ќе зависи само од одлуката на Аргентинецот.

„Се ќе зависи од одлуката на Меси, сите чекаме на тоа. Само од Меси зависи дали ќе дојде да ни се приклучи тука, ПСЖ веќе има обид да го убеди. Навистина ќе биде сон ако клубот го оствари тоа што го планира со Меси. Можам само да замислам како ќе биде секој ден да тренирам со Лео. Се надевам на позитивен исход“, кажа Паредес.