Парите не се важни или можеби се: Мбапе ќе се премисли поради 84 милиони евра?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе неколку месеци се шпекулира за тоа каде Килијан Мбапе ќе ја продолжи кариерата, а најчесто се споменуваше Реал Мадрид како негова идна дестинација, меѓутоа ПСЖ не се откажува лесно од францусксиот напаѓач.

Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека Мбапе е блиску да потпише нов договор со ПСЖ затоа што пристигнала примамлива понуда, која е тешка да се одбие.

Преговорите меѓу мајката на Мбапе и парижанте треба да даде конечен одговор за иднината на младиот француски напаѓач, кој привлече интерес од многу гиганти.

Деталите кои ги објавија француските медиуми се дека Мбапе ќе добие 84 милиони евра нето годишно, а тоа е речиси 40 отсто повеќе од било кој друг фудбалер што добива.