„Парите за мене не се важни, среќен сум во Вардар и ја сакам Македонија“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватскиот ракометар Иван Чупиќ стана херој и миленик кај навивачите на Вардар поради неговите настапи на теренот.

Чупиќ во интервју за хрватските медиуми откри дека ужива во Македонија и нема намера да го напушти Вардар.

„Македонија ми даде многу, но и јас на неа и на Вардар. Со мене во Скопје се моите деца и сопругата. Сега сум во години кога играњето за најголема плата не е важно за мене и затоа сум среќен. Двапати ја освоив Европа, ме почитуваат, а семејството ми е среќно во Скопје. Македонија е држава во која ракометот е број еден, а не фудбалот“, вели Чупиќ.

Цело интервју за Чупиќ прочитајте го на хрватски „Индекс“.