Патиките на Лука Дончиќ во центарот на вниманието: “Ова е најтежок натпревар на кој сум играл некогаш”


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Далас Маверикс синоќа на гости славеа против Оклахома Сити Тандерс (107:97), а повторно најдобар на паркетот беше Лука Дончиќ.

Дончиќ постигна 29 поени на натпреварот и додаде 11 скокови и пет асистенции, иако тој не беше премногу фокусиран на натпреварот. Словенецот беше сериозно погоден од смртта на неговиот идол Коби Брајант, кој беше загинат во неделата во хеликоптерска несреќа.

Кошаркарот на Далас одлучил дека овој натпревар ќе биде во чест на Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана, која исто така беше меѓу жртвите.

Дончиќ ги напишал нивните имиња на своите патики, но се сетил и на другите жртви од трагедијата. Потсетуваме дека во хеликоптерот покрај Брајант и неговата ќерка имало уште седум лица. По натпреварот, Дончиќ излезе на Твитер за да објави дека ова е најтешкиот натпревар што го одигра.

„Ова беше најтешкиот натпревар што требаше да го играм. Јас сè уште не верувам во тоа. Секогаш со нас“, рече Дончиќ со фотографиите од своите патики.