До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот напаѓач Александре Пато ја заврши кариерата минатата година, а сега сака да се впушти во сопственичките води.
Како што јавуваат англиските медиуми, Бразилецот преговара за купување на Колчестер Јунајтед. Тој го посети клубот и се сретна со претседателот Роби Каулинг.
Пато по тој повод во живо го гледаше натпреварот во триумфот против Флитвуд Таун, но сè уште не е познато каква би била инвестицијата.
Роби Каулинг речиси две децении е сопственик на Колчестер и изразил желба да го продаде клубот. Минатото лето се појави понуда од американската компанија „Lightwell Sports Group“, но договорот потоа пропадна.
Колчестер е осмопласиран во четвртата лига на англискиот фудбал, три бода од местото што води во плеј-оф.
















