Патрик Виеира главен кандидат за клупата на Арсенал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Унај Емери доби отказ минатата недела од Арсенал. Шпанскиот стратег по лошите резултати мораше да го напушти кормилото на лондонскиот клуб, па неговото место привремето го презема Фреди Љунберг.

Меѓутоа, „топчиите“ наскоро би требало да добијат нов тренер. раководството на лондонскиоот тим разгледува неколку опции, а засега најблиску се до ангажирање на легендата Патрик Виеира.

Иако 43-годишниот тренер има договор со Ница до 2021 година, управата на Арсенал, наводно, се заинтересирани во негово ангажирање на „Емирати“ и нема да чуди ако Французинот го преземе тимот во следниот период.

Виеира е легенда на клубот, па настапуваше за „топчиите“ во период од 1996 до 2005 година и беше дел од легендарната генерација, која беше меѓу најдобрите тимови во Европа.