Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двократниот НБА шампион, Пау Гасол (40) се враќа во Европа.
Според шпанските медиуми, легендарниот кошаркар е во сериозни преговори со екипата на Барселона и договорот меѓу двете страни е многу близу до реализација.
Гасол, кој го прослави својот 40-ти роденден во понеделникот, има намера да игра барем уште една сезона. Тој се опорави од повреда на ногата и сака да продолжи да игра.
Шпанецот е без клуб од ноември минатата година, откако беше отпуштен од Портланд Трејл Блејзерс.
Претходно, Гасол објави дека сака да се врати на терен и да ја заврши кариерата со репрезентацијата на Олимписките игри во Токио, а таа желба на крајот може да се оствари.
Сигурно е дека славниот кошаркар би бил огромно засилување за каталонскиот клуб, кој може да ги нападне сите трофеи следната сезона, со оглед дека тие прават навистина одличен тим.
Пау Гасол ја започна својата кариера во Барселона, каде играше три години (1998-2001) и со кој освои две шампионски титули. Потоа замина да гради НБА кариера со Гризлис, Лејкерс, Булс и Бакс.
Тој освои два шампионски прстени со Лејкерс, и во просек постигнуваше 17 поени по натпревар во неговата кариера.