Паулиста се изнервира и го шутна Винисиус (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 2-0 против Валенсија со головите на Маркос Асенсио и Винисиус Жуниор, а по дуелот се зборува за потегот на дефанзивецот Габриел Паулиста.

Паулиста имаше проблеми да го запре Винисиус, па при една акција реши да го шутне Бразилецот по нозете.

Тренерот на Валенсија, Воро Гонзалес по натпреварот кажа дека Паулиста направил грешка со тоа што го шутнал ривалот.

„Паулиста го загуби разумот во дуелот со Винисиус и направи таков потег во очај. Такво нешто повеќе не смее да се случува. Ќе разговарам со него“, кажа Воро.