Пауло Дибала ризикува да биде „замрзнат“ во Јувентус, ја одбива понудата и од Тотенхем


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако Јувентус ја прифати понудата на Тотенхем за Пауло Дибала во висина од 64 милиони фунти, Аргентинецот веројатно ќе ја одбие и можноста да заигра во дресот на „Петлите“.

Сепак „Скај Спортс“ пишува дека Тотенхем до крај ќе работи за да изнајде согласност за платата со претставниците на Пауло Дибала. Клубот мора да постигне договор и со компанијата која ги има правата над играчот.

Претходно и Манчестер Јунајтед  се договори со Јувентус околу Дибала, меѓутоа огромните барања од Аргентинецот небеа прифатливи за Јунајтед кој се откажа од намерата да го донесе офанзивецот во своите редови.