Паузата поради коронавирусот ќе донесе и позитивни работи за Тотенхем, Кејн порача: Се враќам…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем остана без услугите на напаѓачот Хари Кејн кој поради повреда пропушти голем дел од сезоната.

Репрезентативецот на Англија се очекуваше да се врати кон крајот на април, па доколку сезоната продолжеше како што треба, тој ќе заиграше само на последните неколку натпревари за клубт.

Сега, кога фудбалот мирува, Кејн заздравува, па ќе биде подготвен за многу повеќе натпревари во дресот на Тотенхем.

„Добро ми оди, работам напорно, закрепнувам и чекам да видам што ќе се случи со сезоната.. Во нормални услови, за две или три недели би можел да работам со тимот. Можам се, треба уште да поработам на формата. Сепак, ситуацијата сега е чудна и ми изгледа дека никој не доживеал нешто вака слично. Засега сме добро со семејството, работам од дома колку штоможам“ –порача Хари Кејн.