Пазарната моќ на Јувентус – Петмина отпишани донесуваат 70 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите ја очекуваат веста околу конечната продажба на Погба, но учеството на Јувентус на трансфер пазарот не е завршено, посебно кога се во прашање заминувањата.

Во моментите кога се комплетира трансферот на Гонзало Игуаин и се очекува комплетирањето на трансферот на Пол Погба, раководството на Јувентус работи на споредните работи поврзни со трансфер пазарот. Јувентус во своите раце има богатство ако се знае дека бјанконерите за петмина фудбалери би можеле да заработат 70 милиони евра.

Така е проценета вкупната вредност на Симоне Заза, Ернанес, Лемина, Роберто Переира и Стефан Стураро. Најмногу е проценет Заза, 25 милиони евра, а цените на Переира, Лемина, Ернанес и Стураро се околу 10-15 милиони евра.