Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Педри беше меѓу најдобрите фудбалери на Шпанија на Олимписките игри во Токио, каде што освоија сребрен медал.
Талентираниот фудбалер беше и еден од најдобрите играчи на Барселона во минатата сезона, а исто така имаше најмногу настапи, односно вкупно одигра 73 меча.
Младиот Шпанец воопшто немаше одмор, туку доби само два слободни дена затоа што во среда беше повикан на тренингот на Барселона.
Најблиску по број на одиграни меча до Педри е Бруно Фернандеш со 72 настапи, додека Мејсон Маунт одигра 69 натпревари.
Од 73 настапи Педри одигра дури 52 меча во дресот на Шпанија, а во Ла Лига настапи на 37 дуели, додека исто така играше и во Лигата на шампиони, шпанскиот Куп и Суперкупот.