Педри: Во Реал Мадрид ми кажаа дека не сум доволно добар, тоа ме мотивираше да успеам


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид доживеа дебакл во дербито против Барселона (0-4) на „Сантијаго Бернабеу“, а оваа победа имаше голема важност за младиот и талентиран фудбалер Педри.

Педри бил на проба во Реал Мадрид, каде што му кажале дека не е доволно добар за да игра во нивниот тим, а тоа дополнително го мотивирало да успее.

„Бев во Реал Мадрид на проба, во првите неколку дена не можев да тренирам затоа што имаше снег. Тренирав три дена. Ме испратија да тренирам со Б тимот, а потоа ми кажаа дека не сум на нивото на кое тореба да бидам за да играм за Реал. Еве денес сум тука каде што сум. Тоа одбивање не го прифатив лесно бидејќи никој не сака да биде одбиен. Сепак, подоцна го сфатив тоа како мотивација. Си помислив, ако тие не ме сакаат ќе тренирам уште понапорно, па можеби нешто ќе се промени во иднина“, изјави Педри.