Педро најави можно изненадување околу продолжувањето на неговата кариера


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот интернационалец Педро долго време се поврзува со заминување од редовите на Челси.

Одредени медиуми веќе го преселија во Рома, а други шпекулираа за негов премин во Реал Сосиедад.

Сепак, Педро сега изјави дека најпрво ќе разговара со Челси за евентуално продолжување на неговиот договор со „сините“ од Лондон.

„Мора да зборувам со клубот, имам договор до 30 јуни. Отворен сум за да ги слушам сите понуди, но не знам ништо за таа на Реал Сосиедад. Во моментов се чека средбата со Челси. Коронавирусот влијаеше на се. Знам дека договорот е при крај, но се уште не сме седнале да разговараме дали ќе го продолжиме или не. Ја чекам средбата со клубот“- изјави Педро.