Педро најави заминување од Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот шпански фудбалер, Педро најави дека е време да го заврши својот престој во Челси во летниот преоден рок.

Договорот на крилниот фудбалер истекува по крајот на оваа сезона, а фудбалерот најави дека истиот нема да биде продолжен.

„Мојот договор ќе заврши, но сега тоа не е најважно нешто. Тоа што треба да се случи со мојата иднина ќе дојде, сега тоа не е најважното нешто затоа што јас не ни знам кога ќе се вратам на тренинг повторно“ –изјави Педро.