Педро става крај на петгодишниот престој во Челси и се сели во Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Челси, Педро ќе си замине од „Стемфорд Бриџ“ ова лето по пет години поминати во клубот од Лондон.

Се шпекулираше дека Педро ќе прифати понуда од родната Шпанија, меѓутоа како што стојат работите тој кариерата ќе ја продолжи во Рома.

Имено, за Педро има интерес од тимот на Рома кој е подготвен да му даде одлични финансиски услови за да го добие во своите редови.

Рома склопува тим од фудбалери кои играат во Премиер лигата, па така освен Педро ќе се обиде да го ангажира и Џердан Шаќири од Ливерпул, како и Бернард од Евертон. Во клубот веројатно ќе остане и Крис Смолинг кој ќе направи перманентен трансфер од Манчестер Јунајтед.