Пекол во ЛШ – веќе му предвидуваат нов срам на Мурињо?!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Како бомба одекна утрово веста дека Жозе Мурињо е пред враќање во Бенфика.

Португалецот во почетокот на својата кариера во краток период ја тренираше Бенфика од септември до декември 2000 година, а четвртина век подоцна доаѓа како големо име кое е во пад на кариерата.

За сè да биде уште полошо за него, преостанатиот распоред во Лигата на шампионите е буквално пекол. Карабаг дома на хартија беше далеку најлесниот можен ривал и шанса за победа, бидејќи тешко дека Бенфика во наредните ќе успее да освои потребните 10 бодови за сигурен плеј-оф.

Имено, ривалите на Бенфика се – Челси, Њукасл, Баер Леверкузен, Ајакс, Наполи, Јувентус, Реал Мадрид! 

Покрај тоа, Бенфика игра на гости кај Челси и Њукасл, Ајакс и Јувентус, а дома ги пречекува – Баер, Наполи и Реал Мадрид, а математиката вели дека за плеј-оф се потребни 9 или 10 бодови. Со други зборови, тешко дека Бенфика ќе забележи три победи против вакви силни ривали.