Пекол за Бразилецот: Алвеш ниту јаде, ниту зборува во затвор!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш заврши зад решетки поради сексуален напад врз девојка на 30 декември минатата година.

Алвеш неодамна заврши во притвор и не доби можност за кауција со која ќе биде пуштен на слобода, а тоа значи дека пресудата ќе мора да ја почека за неколку месеци.

Бразилецот се наоѓа во тешка состојба затоа што не јаде и не зборува во затворот, а доколку Судот го прогласи за виновен, тогаш Алвеш ќе остане во затвор од четири до 12 години.

Сопругата на Алвеш претходно кажа дека фудбалерот не би направил такво нешто, туку девојки се обидувале да го заведат пред нејзини очи.