Пеколен план на Сити: За двајца играчи плаќа 200 милиони евра


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Манчестер сити ќе ја заврши сезоната без трофеј, за прв пат во ерата на Пеп Гвардиола, па е време за ремонт.

„Граѓаните“ веќе почнаа да работат на трансферите за следното лето, а на листата со желби се две звучни имиња. За нив, Сити ќе мора да издвојат огромна сума на пари.

Тоа и не е толку голем проблем за екипата од „Етихад“. Имено, Сити во своите редови сака да ги доведат двајцата играчи – Флоријан Вирц и Тижани Рајиндерс.

Вирц патуваше во Англија претходната недела и преговараше со клубот, меѓутоа, се вмеша и Ливерпул, па трката за Германецот ќе биде интересна. Леверкузен ќе добие секако 100 милиони евра од трансферот, каде и да заврши Вирц.

Фото: Грок Аи