Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Арсенал го совлада Атлетико Мадрид со убедлива победа од 4:0, иако првото полувреме не го сугерираше исходот од натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите.
Во второто полувреме „топчиите“ беа апсолутно доминантни, постигнувајќи четири гола за само 13 минути – два пати стрелаше Ѓокереш, додека по еден погодок имаа Габриел и Мартинели.
Според Фабрицио Романо, овој пораз е најтешкиот во кариерата на Диего Симеоне како тренер, кој повеќе од десет години успешно го предводи тимот на мадридскиот клуб.















