„Пеле имаше три срца – едно за фудбалот, едно за семејството и едно за сите луѓе!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот германски фудбалер Франц Бекенбауер жали по легендарниот бразилски играч Пеле кој почина на 82-годишна возраст во болница во Сао Паоло.

Бекенбауер се збогуваше од неговиот пријател со емотивна порака.

„Пеле имаше три срца – едно за фудбалот, едно за семејството и едно за сите луѓе. Тој беше човек кој играше со ѕвездите. Периодот во Космос беше еден од најдобрите во мојот живот. Заедно бевме шампиони со Пеле и тој почна да ме нарекува брат. Тоа беше неверојатна чест за мене. Фудбалот секогаш ќе биде твој, кралу“, кажа Бекенбауер.