Пеле кажа дека е најдобар на сите времиња, а потоа избра и меѓу Роналдо и Меси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот бразилски фудбалер Пеле имаше богата кариера, а сега доби прашање за тоа кој е најдобар играч во светот.

Пеле мораше да избере меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси, но потоа изненади со одговорот за најдобар на сите времиња.

„Мислам дека во моментов најдобар фудбалер во светот е Кристијано, но не треба да се заборави и на Меси. Најдобар играч во историјата? Тоа е тешко прашање. Може да кажете Роналдињо, Роналдо, Бекенбауер и Кројф, но јас мислам дека Пеле беше најдобар. Сите се споредуваат со мене“, кажа Бразилецот.