Пеле му честиташе на Меси: Приказни како нашата, за жал, се реткост! 📷


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона сезонава игра очајно под водство на Роналд Куман, но тоа не го спречи Лионел Меси да се запише во историјата, откако го постигна својот 643. гол за Каталонците и така го стигна легендарниот Пеле по број на постигнати голови во дресот на една екипа.

Меси израмни рекорд на легендарниот Пеле, а сега му недостига само еден погодок за да го премине на вечната листа.

„Кога твоето срце е полно со љубов, тешко е да се промени патот. Баш како и ти, знам како е да се носи истио дрес секој ден. Како и ти, знам дека ниту едно место не е толку добро како тоа во кое се чувствуваш како дома. Ти честитам на рекордот, Лионел. Ти честитам на прекрасната кариера во Барселона. Приказни како нашите, за жал, се реткост во фудбалот“, напиша Пеле.