Пеле од болница: Силен сум, Бразил на СП ми дава енергија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бразилската фудбалска легенда Пеле се соочува со сериозни здравствени проблеми, откако вчера во медиумите се појави вест дека повеќе не му одговара хемотерапијата.

Пеле минатата година беше на операција со која му беше отстранет тумор на дебелото црево, по што мораше да оди на терапии и контроли.

Бразилецот преку неговиот профил на Инстаграм испрати порака до неговите фанови.

„Сакам да ве смирам. Ја добивам мојата терапија. Медицинскиот персонал се грижи за мене и благодарен сум. Имам голема верба во Бог и секоја порака која ја добивам ми дава сила. Исто така, Бразил на Светското првенство ми дава посебна енергија“, напиша Пеле.