Пеле повторно заврши во болница, состојбата му е влошена!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилската фудбалска легенда Пеле повторно е вратен во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, а информацијата ја објави „ЕСПН“.

Пеле неодамна излезе од болница откако му беше отстранет туморот на дебелото црево, меѓутоа потоа се влоши неговата здравствена состојба.

„Подготвен сум да играм 90 минути плус продолженија. Секој ден се чувствувам добро“, објави Пеле откако излезе од болница, но за жал, сега повторно мора да се врати.

Освојувачот на Мундијалот се бори со здравствени проблеми веќе неколку години, а ја оперираше простатата во 2015 година, по што имаше уринарна инфекција во 2019, по што се случи неуспешна замена на колк.

Неговиот син Едињо во февруари минатата година кажа дека Пеле ретко го напушта својот дом затоа што се срами да го гледаат со патерици.