Пеле со молба до Нејмар: Не се откажувај од Бразил, ти си инспирација!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бразил беше елиминиран од Хрватска на пенали, а тоа го разочара Нејмар кој најави дека би можел да оди во репрезентативна пензија.

„Кариоките“ повторно не успеаа да стигнат до светската титула, а Нејмар не можеше да го повтори успехот на Роналдо, Карлос и останатите легенди.

Нејмар најави дека би можел да се повлече од репрезентативниот дрес, а веднаш пристигна молба од легендарниот Пеле.

„Не се откажувај од Бразил, ти си инспирација, а јас ќе ги кревам рацете во воздух за секој гол што ќе го постигнеш. Те гледав како растеш и навивав за тебе секој ден. Сите знаеме дека ова не е најсреќниот ден за нас, но ти ќе ги инспирираш идните генерации“, кажа Пеле.