Пеле заврши во болница поради – тумор!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Легендарниот бразилски фудбалер Пеле беше примен во болница поради лекување на тумор во дебелото црево, а веста ја потврдија од болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.

Портпаролот на болницата соопшти дека Пеле се наоѓа во стабилна состојба и за неколку дена треба да биде пуштен на домашно лекување, а дотогаш ќе се следи неговата состојба.

На средината на октомври Пеле имаше операција на тумор на дебелото црево, а потоа беше и на хемотерапија, поради што мораше да остане во болница речиси еден месец.